РК ПРИЛЕП НАД СИТЕ

Прва лига

Последното есенско коло од Првата машка лига донесе нов убедлив триумф на РК Прилеп. На гостувањето во Гостивар со 21-28 (9-13) го совлада домашниот Вардар Полог. Резултатот е одраз на пласманот, квалитетот и прикажаното на паркетот. Билансот на тимот од Орде Илиески е седум победи и еден пораз. Табела: РК Прилеп 21, Работнички 17, Младост 16, РК Битола 15. Патот кон Супер лигата е отворен, претстои зимска пауза за анализа, стратегија, што понатаму?

Во женската Прва лига, Таста 107 загуби со 28-17 (16-7) од фаворитот Моби дик во Охрид. Тимот на Бети Филипоска – Петар Кузманоски немоќен во првиот дел, а впечатокот го поправи по одморот. Билансот на младата екипа е три победи и шест порази.

Табела: Моби дик 24, Куманово и Пелистер по 21, Ѓорче 18, Универс и Кичево по 12, а седми е Таста 107 со девет бода. Напролет е борбата за исчекор до петтото место или задржување во златната средина.

Loading