ПОСЛЕДНО КОЛО

Кошарка

Викендов е 7. коло, последно есенско, од Третата кошаркарска лига, а Марфил спорт во салата на СОУ Р. Р. Ричко е домаќин на Баскет Дино од Кочани. Гостинот е мошне солиден тим со три победи во исто толку мечеви. Домаќинот атакува на втората победа и на некој начин ќе се вади за поразот на гости од 68-59 кај Црн Дрим во Струга.

Табела: Борец 9, Михајловски 8, Баскет Дино, Пробаскет, Ц. Дрим и Марфил спорт по 6 бода.

Loading