МУЗИКА ЗА БОЖИК

“Стихири на Рождество Христово” од м-р Гоце Секулоски, во изведба на ансамблот “Пелагонитиса” е првото музичко ЦД посветено на  празникот Рождество Христово, со што се продолжуваат духовните и културните традиции во македонското црковно пеење. Го промовираа отец Никола и професорот Кире Гаралоски.

Првпат се испеани 33 композиции, кои се дел од православната духовна традиција и се дел од богослужбата за празникот Рождество Христово.

– ЦД-то ги исполнува уметничките и музичките височини и ќе е помагало за Богословското училиште и факултет. Планираме да ги обработиме сите празници – вели Секулоски.

Loading