“Изложбата на фотографии “Убавата Кина” ги продлабочува македонско – кинеските односи и даваат потстрек за соработка”.
Ова го потенцираа на отворањето градоначалникот Марјан Ристески и Циу Џивеи, амбасадорот на Кина.
Со 60 фотографии се откриваат убавините на Кина низ зелените планини , бистрата вода и хармонијата меѓу човекот и природата.
Со чаша црно македонско вино и производи од “Витаминка”, освен што ги разгледаа фотографиите, заедно со директорот на ЦК “Марко Цепенков”, Тони Чатлески, домаќините и гостите наздравија за 20 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји и најавија продлабочување на релациите на културно поле.