ФОЛКСВАГЕН ПОЛО

Историја

Есента 1995 ФК Победа, предводена од претседателот Димитар Мавцоски со скопската фирма Асиба МГ организираа голема наградна игра за гледачите со купени влезници. За најсреќниот беше автомобилот Фолксваген поло. Учествуваа сите билети од три кола, со Вардар, Рудар и Слога. За регуларноста се грижеше тричлена комисија, а извлекувањето беше јавно пред полни трибини од страна на артистите Ѓокица Лукаревски и Емин Унѓел. Тие го израдуваа добитникот – Стеван Стојаноски.

Победа со Вардар и Слога одигра само по 1-1, а со 1-0 го совлада Рудар.

Loading