ТРИ ПРВИ МЕСТА

Гимнастика

Битола со сите услови и инфраструктура е седиште на гимнастиката, но медалите одат кај КГС Партизан на тренерот-селектор Златко Ангелески. На финалниот државен натпревар во А лигата комплет триумф во три категории. Кај постарите пионери најдобар е Димитар Илиоски, пред Џулијано Христоски и Џулијано Адамчески. Кај помладите пионерки пак клупски другарки на пиедестал: Хелена Зографска, Симона Аврамоска и Анастасија Ангелкоска. Кај сениорките Ивана Јанкоска прва, Мартина Јездиќ трета.

Има уште медали, сребрениот за јуниорката Андреја Ангелеска, бронзените за помладиот пионер Дамјан Атанасоски, помладиот јуниор Андреј Деспотоски и постарата пионерка Теа Велкоска.

Loading