ОДБОЈКАРКИТЕ НА ВРВОТ

Одбојкарките на ЖОК 11 Октомври – Волеј предводени од тренерите професорите Орде Цветаноски и Васко Гајтаноски се искачија на врвот во младинското натпреварување во одбојка. Победите над фаворизираните Бами Кор од Тетово со 2:0 и убедливите игри против Шкендија со 2:0 и Валандово со 2:0 го делат првото место со шампионите од минатата сезона.

Резултатите добиваат уште повеќе на тежина ако се знае дека три победи се постигнати на гостински терен без изгубен сет. Есенскиот дел во младинската лига заврши. Се очекува на пролет продолжување на победоносната серија и успешна организација на еден од двата преостанати турнири што ќе помогне во остварување на желбите на ЖОК 11 Октомври – Волеј како и за популаризација и афирмација на овој некогаш масовен спорт.

Одбојка

ТЕСТОВИ

Во салата од СОУ “Ѓ. Петров” полезни тренинг – мечеви одиграа три екипи на млади одбојкарки, пополнувајќи ја првенствената празнина. Беа добар тест за двата тима на 11 Октомври од Дејан Димоски и Гиче Локвенец, како и за гостинскиот Пелистер од Битола.

За 11 Октомври предизвик е Кадетската лига, каде на првиот турнир постигна две победи и еден пораз.

Loading