СЛАБО НА ГОСТИ

РК Прилеп

Прво есенско гостување и веднаш пораз. Машкиот РК Прилеп не издржа во Богданци и загуби 22-18 од Младост. Голема штета е повредата на бекот Бозароски. В недела, во 8. коло е мечот во СОУ “Р. Р. Ричко” со Струга. Се очекува шестата победа. На табелата е задржано лидерското место со 15 бода.

Во женската Прва лига Таста 107 по поразот 31-21 од фаворитот Ѓорче, в недела игра дома со Чаир.

Loading