ПРОМОЦИЈА НА КНИГИ ОД МАРКО КИТЕВСКИ

Библиотека

Книги од едицијата “Македонски народни умотворби” и “Македонски празници и обичаи” од професор д – р Марко Китевски ќе се промовираат денеска од 12.30 часот во Библиотеката во соработка со списанието Деница. Промотор ќе биде професор д-р Илија Велев.

Во првата едиција се објавени народните умотворби, собирани повеќе години, а во втората авторот одбелалежал значајни христијански празници кај македонскиот народ, начинот на славење и верувањата поврзани со нив.

– Се обидувам да соопштам најважни податоци за празникот, светците според житијата, преданијата, за верувањата. Книгата го покажува континуитетот на народниот дух од најстари времиња – вели авторот, кој користел материјали од сите делови на Македонија.

Проф.д-р Марко Китевски е научен советник во Институтот за македонска литература. 

Loading