ПРИЛЕПСКА ЅВЕЗДА НА ПИНК

Младиот и гласовно талентиран прилепчанец, Стефан Миткоски, учествуваше на “Звезде Гранда” на српската ТВ Пинк. Жирито од естрадни фаци, меѓу кои Лепа Брена, Аца Лукас, Зорица Брунцлик, биле затечени од прекрасниот глас на  нашиот тенор во изведбата на песната “Мед и слатко грозје” од Никола Роквиќ. Миткоски разлеал што на Аца Лукас му се наежила кожата.

Стефан стигнал на натпреварот преку аудиција и елиминаторен круг. Меѓу 10 илјади пријавени бил меѓу стотте најдобри. Вели дека стекнал искуство, пеејќи во белградската арена, покрај неуспехот за продолжението во вториот круг. Сепак ќе има солиден “бек-ап” за в година.

Дваесетичетири годишниот Стефан од мал негувал љубов кон пеењето. Завршил основно музичко училиште. Бил најмлад учесник на “Мелфест”. Контактирал со групата “Биоритам”, која му понудила соработка. Од 2012 година снимил две песни, “Без тебе” и “Не е никој како тебе”, што биле вистински хитови со недели на Македонското радио и Радио Роса. Мераклија е на староградскиот мелос на бардовите Тозовац, Звонко Богдан, а од македонските Наум Петрески и Миле Кузмановски. Како шумски пожар се разнел добриот глас на Стефан, па често е канет во ресторани на веселби ширум Македонија. Срдечен, добродушен и дружељубив, за себе вели дека има уште да учи низ соработка како придружен машки вокал со Елена Велеска, Елена Јовческа и групата Биоритам.

Дипломираниот политиколог гледа во два правци. Вработување по струка и доусовршување на пеачките способности. Теженее да сними нова песна и соработка со пеачи од Екс-ЈУ просторите.

Според дарбата за пеење и главните можности, по се изгледа дека допрва ќе слушаме за нагорниот од на нашиот Стефан.  

Loading