ПЕТТИ НА СВЕТОТ

Карате

Македонскиот репрезентативен ката тим од КК Ронин (Искра Каракашоска, Мишела и Маријана Димоски) освои петто место на Светското кадетско – јуниорско првенство во Шпанија. Ждрепката им донесе велесили за ривали. Извојуваа победи над Египет и Белорусија, загубија од Шпанија и во репесаж за бронза со Грција. Тренерот Златко Димоски е задоволен од пласманот на мундијалот, веднаш зад носителите на медали.

Loading