ШТАВИЦА И ТРЕСКАВЕЦ ВО “КУМ”

Руска екипа ги сними последните кадри од серијата “Кум” во селото Штавица. Серијата од осум продолженија ќе се емитува на Руската национална телевизија. Режисерот снимаше крај манастирот Трескавец и кај селото Лагово, а ја користел за сценографија и битолската околина.

Во серијата играат македонски актери.

Сценариото е инспирирано од српско – косовскиот воен конфликт во 2000 година, а подлогата е вистинска приказна за рускиот гинеколог Алексеј Илин. Тој во Приштина ја потврдувал хуманоста кон сите, без разлика на  етничката и верската припадност.

– Серијата е претстава за лекарот од Санкт Петербург, кај кого нема никакви закони. Им помагал на луѓето, живеејќи по свои правила – изјави режисерот Тимор Алпатов.        

Loading