ПАСТРМКИ ВО ЦРНА

Здружението на спортски риболовци Пец – Пец ја пориби Црна Река кај Расимбеговиот Мост во Мариово со 1200 педесетграмски примероци поточна  пастрмка. Друштвото најавува уште едно збогатување на рибниот фонд годинава за заживување на речната фауна. Планираа во иднина да продолжат со порибувањето и со грижата за зачувување на животинскиот свет на Црна Река.

Инаку, ова е второ пуштање на рибен подмладок во водите на реката од страна на концесионерот Пец – Пец, кој одговара навремено на заштитата на живиот свет во водите.

Друштвото брои  околу  650 членови.  

Loading