ИЗБОР НА НАЈДОБРИ РЕЦИТАТОРИ И НАЈДОБРИ ЛИЧНИ ТВОРБИ

Библиотека

За месецот на книгата, традиционално викендов во Библиотеката има избор на најдобар рецитатор, на кој ќе земат учество рецитатори од основните и средните училишта и избор за најдобра лична творба. Рецитаторите ќе се натпреваруваат утре, а в недела е доделувањето на наградите за избраните лични творби.

Директорот Петар Петрески е задоволен од интересот на учениците.

– Триесетина рецитатори ќе го презентираат поетското творештво на бројни автори, а за избор на лични творби комисијата има доста тешка задача меѓу стотина конкуренти – вели Петрески.

За добитниците се обезбедени пригодни награди и признанија.

Loading