ДЕТЕНЦЕ ВО ФК ПОБЕДА

Историја

Денес на располагање е во изобилство опрема од сите клубови. Некогаш се мечтаеше за дрес од ФК Победа. Градот во седумдесеттите години му завидуваше на единственото дете облечено од глава до петици, во копачки, бели шорцеви, црвен дрес со реклама на Солидност и број осум – Пеце Талески – Апачо, денес 45-годишен. Заедно со играчите истрчуваше на терен, пред 15 илјади гледачи правеше финти со топката на полувреме.

– Живеев карши стадионот. Само што проодив, Магдески, тогаш голема ѕвезда, ме забележа и ме зеде в терен. Немав никаква трема, уживав во фудбалот и одвај ја чекав неделата. Каде играчите таму и јас. Ги имитирав како се загреваат. В соблекувална слушав тактики на тренерот. Се редеа мечеви со ОФК, Сутјеска, Трепча… Израснав во Победа – вели Талески.

Како голем талент играл во многу прилепски тимови, од 11 Октомври до Искра Ропотово и жали што не добил шанса во најсаканиот – Победа.

Loading