АНГЛИСКА БЕЗБЕДНОСТ

Фудбал

Второлигашкото дерби Победа – Корзо Слога 1-1 помина во беспрекорно обезбедување. Во и околу стадионот “пиле не можеше да прелета” без дозвола од лицата во униформи. На големата трибина неуморни во навивањето беа “мајмуните”, на малата во вториот дел се стационира мала група “шверцери”. Освен вообичаени скандирања, немаше физички контакт. Позитивен пример, англиска безбедност за влакно да не им фали на гостите и напролет со право да се бара истото на Чаир. Пред 2000 гледачи поведе Корзо Слога со голот на Демири во 10. минута, а изедначи Богоески во 81. Праведно реми, кое е во прилог на гостите, а за деветтата Победа следи вадење в сабота кај 12-от Борец во Велес.

Тимот на 11 Октомври со нов, деветти пораз, 2-0 на гости од Руфеја. Од претпоследното место се погледите на утрешниот дуел дома со 11-та Тиверија.

Инаку, најавена е санација на теренот од стадионот “Г. Делчев по крајот на есенскиот дел, на 1 декември.

Loading