АЈВАР, ТУРШИЈА , МАРМАЛАД… НА ПЛОШТАД

Под мотото “Вкусете ја зимницата од вештите раце на мајките од градинката Вишне”, утре од 9 до 15 часот се отвора продажна трпеза на плоштадот Методија Андонов Ченто. Ќе се нуди зимница, подготвена од  мајките на децата згрижени во градинката Вишне.  Ајвар, лутица, туршија, џем, слатко, мармалад, добро спакувани во тегли, украсени за продажба, со цел да се предизвика внимание, ќе ги “мами”очите и ќе ги подгрева хуманите чувства на сограѓаните.

– Ѓраѓаните ќе дадат придонес за подобрување на условите за престој на децата во градинката. Средствата ќе се насочат за набавка на најнеопходните потреби за децата во градинката – велат од детските градинки “Наша иднина”.            

Хуманитарната акција се одржува трета година.         

Loading