ЗГОЛЕМЕНА ОДГОВОРНОСТ

Фудбал

Со промените во Управата и доаѓањето на спонзорите, меѓу позитивните ефекти е зголемената одговорност кај сите во Победа. Клубот пак е во фокусот, очекувањата се високи и разбирливо е што играчите го менуваат на подобро односот на тренинг и меч.

Нема назначени функции во Управата, но на последниот успех со голот на Мустафов за 1-0 над Руфеја, од трибина сведочеа Горан Хаџи – Ристески и Ендрју Брус. Раководството подготви премија за две врзани победи. Првпат се случува по долго време. Напоредно е деблокирањето на сметката и старт со санацијата на теренот, најверојатно од понеделник. Постои варијанта последниот меч со Зајас да биде во Битола или Новаци.

В сабота (13 ч.) осмата Победа без заминатиот голман Ристевски игра дома со 11-то Корзо, додека 11 Октомври по судискиот пораз 1-0 во Миравци, пак гостува, на Руфеја.

Loading