ПОЛИТИЧАРИ ВО ДРЕСОВИ

Членовите на општинскиот комитет на  ВМРО ДПМНЕ, ги измерија силите во мал фудбал на традиционалниот турнир за празникот 23-ти Октомври. Најтесното партиско раководство заборави на официјалните костими и вратоврските, и во спортски дресови и опрема, се релаксираа заедно со членовите на Унијата на млади сили. По популарната “бубамара” трчаа и претседателот на партијата Никола Димески, градоначалникот Марјан Ристески и пратениците Димитар Стевананџија и Панче Дамески. 

На турнирот  учествуваа сите месни комитети сакајќи да се популаризира спортот и здравите навики кај младите. Натпреварите се одиграа во новата сала на СОУ “… Ричко”. 

Loading