НЕЗАБОРАВНО ИСПРАЌАЊЕ

Историја

Победа многупати била од навивачите дочекувана во градов по најголемите успеси. На 10 август 2000 беше како никогаш испратена од Крајова, Романија. На фаворизираната Универзитатеа и изваде нерешено 1-1, со голот на Н. Здравески во 90. минута. Разочараната 12 илјадна публика почна да скандира “Победа, Победа”. Тука не завршија почестите. Гостинскиот автобус долго не можеше да излезе од стадионот пред масата народ. Од сите страни Романците подаваа раце, честитаа на борбениот тим. Тој, позитивен пример треба да се применува кога некој победува во Прилеп.

На реваншот со 1-0 пак славеше Победа.

Loading