ПРЕМИЕРА НА “ШВЕЈК ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА”

Вечерва в театар

“Швејк во втората светска војна” во режија на Мартин Кочовски е новата претстава која премиерно театарот “Војдан Чернодрински” ќе ја прикаже вечерва од 20 часот. Тектот е на Б. Брехт, а  преводот е на Благоја Ивчески.

– Претставата силно ќе удира по деликатни места и ќе буди воодушевувачка радост од театарскиот чин – вели режисерот Мартин Кочовски.

Играат Илија Волчески, студент на ФДУ, Владимир Ѓорѓијоски, кој воедно е драматург и асистент на режија, Даниела Иваноска, Андон Јованоски, Јасмина Мицовска – Станкоска, Наташа Наумоска, Александар Степанулески, Александар Тодески, Игор Трпче, Димитар Црцороски, Виолета Чакарова и Катерина Чакмакоска.

Сценографијата и костимите се на Јулијана Војкова – Најман, музиката  е од групата Фолтин, а  кореограф е Јована Василева.

Loading