НЕИСКУСТВО

Ракомет

Во женската Прва лига, Таста 107 в недела оди кај Кичево за закрепнување по поразот дома 25-29 од велешки Борец, во чии редови беа доволни три голгетерки. Ниту “фластер” не ги попречи искусните Попова и Ристова да дадат по 11 гола, а Пондиќова седум. Од домашните попусто возвратија Јолеска со девет, Сталеска со седум, Трајкоска со три и уште шест по еден.

– Плаќаме данок на неискуство. Не се предаваме, иако играме со 14 до 18-годишни девојчиња – вели Бети Филипоска, тренер.

Во Супер лигата Жито Прилеп по поразот од Металург, викендов дома игра со Кожувчанка. Машкиот РК Прилеп со 35-22 ја совлада Риниа, а викендов е слободен.

Loading