КАСАПНИЦА ОД БОРЧИЊАТА НА ШАТОРОВ КАМЕН

Некогашното популарно излетничко место Шаторов Камен беше озеленето со импозантна борова шума. Последниве години, убавиот зелен покрив се стеснува. Во потрагата по борина за потпаливање, поединци ги делкаат стеблото да извадат стапчиња за лесно палење на огнот. Изретчената борова шума уште повеќе се загрозува и í се заканува сушење. Повеќедецениските стебла се претворени во гранчиња, на кои им се бројат деновите да се исушат и исчезнат. Дрскоската на делкачите оди до безмилосно тенчење. Грабањето на боринчиња без исав, стеблото го заличиле на песочен часовник. Природата рехабилитира колку што може, но вандалите се посилни.

Козарот Орде кажува дека имало чувар пред 30 години. Тој не само што се грижел за безбедноста, туку ја разубавувал околината. Од изворчињата направил две чешмички за ладна вода. По смртта, кратко го наследиле синовите, оставајќи го местото на милост и немилост и на совеста на минувачите.  

Loading