СТАРТ ВО КУМАНОВО

Кошарка

Викендов тргнува првенството во Третата кошаркарска лига. Новоформираниот клуб КК Марфил спорт оди на гости кај КК Михајловски во Куманово. Дуелот е прв тест за екипата од тренерот Сашо Костоски. Првпат дома, во салата “Ричко” ќе игра во 2. коло со пробиштипски Пробаскет. Останати ривали: Баскет Дино (Кочани), Борец Баскет (Велес), Гостивар, Радовиш, Феникс (Скопје) и Црн Дрим (Струга). Десеттиот член на Лигата, Карпош Соколи од Скопје е надвор од конкуренција.

Последниот прилепски кошаркарски тим Кралеви згасна во април 2012.

Loading