ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД ЃОРЃИ ДЕСПОДОВ

“Shaped by dreams” е тематската изложба од 43 фотографии на младиот талентиран фотограф, гимназијалецот Ѓорѓи Десподов, која ќе се отвори вечерва од 20 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”. Ова е втора изложба на Десподов кој со фотографирањето се “заразил” во седмо одделение.

– Фотографијата е живот, очи што гледаат, а го регистрирам сé она што го регистрира мојот ум. Фотоапаратот ми е трето око – вели Десподов, кој има амбиција да стане моден фотограф.

Loading