Г. КОЊАРИ ХИТ

Трета и Општинска

В недела (14 ч.) е 9. коло од Третата лига – Југ, а есенскиот “хит” Големо Коњари дома игра со шестиот Превалец, откако на гости со 0-3 го совлада Младост К. Останати: Млекар – Кадино, Партизан – Вардар, Тополчани – Росоман, Варош – Сирково, Кожуф – Младост К. Претходно: Кадино – Кожуф 4-2, Илинден – Тополчани 3-0, Росоман – Партизан 4-1, Вардар – Млекар 2-1. Табела: Вардар 18, Г. Коњари 17, Младост У. 14.

Интересно и во Општинската А лига. На најубавиот градски терен Могила тимот на Прилеп сити со 3-0 го победи Беровци. Јунак на мечот е домашниот шпиц Кристијан Гркоски (18), кој даде два гола и изнуди автогол за убедлив триумф и задоволство на тренерот Коста Мирчески. Викендов има дуели и во Б лигата на ОФС.

Loading