ПРИЛЕП – КУМАНОВО 7,5-0,5

Шах

Празничен шаховски дуел имаа градовите славеници. Домашниот ШК Прилеп победи со 7,5-0,5 над Куманово. На првата табла Кироски имаше победа и реми со Крстевски, останатите победија по двапати, на втората Ѓорѓиески над Илиќ, на третата Николоски со Шемшиу и на четвртата Дамчески над Пешевски.

Како некогаш Карпов, симултанка одигра велемајсторот Звонко Станојоски со членови од Школата Алкалоид, Ѕвездакоски, Галески,  Стојаноски, Манески, Станоески, Галески, Цапески и единствениот кој ремизираше, Николовски.

Loading