БЛИЗНАЧКИТЕ НАД СВЕТОТ

Карате

Според најновото рангирање на Светската карате федерација (ВКФ), во категоријата Карате 1 ката кадетки, на првите две места се од КК Ронин близначките Димоски, Маријана со 318 поени и Мишела со 234. Во период од три години Маријана освои по два бронзени и сребрени, а пет златни медали, последниот во јуни на Карате 1, Младински куп, на Крф, Грција. Мишела има еден помалку златни – четири, еден бронзен и пет сребрени, последниот токму на  Карате 1, Младински куп на Крф, каде во финалето загуби од Маријана. Двете се во неизвесна трка, а третата Аја Исмаил од Египет заостанува со 174 поени.

Следно големо натпреварување заедно со Искра Каракашоска и Пуликсенија Јованоска е Светското првенство во Гвадалахара, Шпанија, идниот месец. Дотогаш имаат тренинзи двапати дневно.

Во овој спорт убави вести од Плзен, Чешка, каде на Гран – при натпреварот во борби за сениори, сребро освои Мартин Петрески, а бронза Тодор Ристески, членови на КК Спорт 94.

Loading