ДВОБРОЈ 1 – 2 НА СТРЕМЕЖ

ЦК “Марко Цепенков” го издаде првиот двоброј на списанието за литература уметност и култура “Стремеж” за 2013 година во кое се објавени препеви, проза, поезија, критики и есеи.    На првите страници се објавени препеви на песни од американската поетеса, актерка и преведувач Хелен Кордона, на српскиот автор Срба Игњатовиќ и на бугарскиот поет, преведувач и сликар Роман Кисјов. Има место за прозата на Христо Котевски… и за поезијата на Трајан Петровски, Петар Петрески, Тони Павлески… Критики и осврти објавуваат Васил Тоциновски, Тодор Чаловски, Игор Тасески и Трајче Крстески, кој во “Разногласие на сликата” пишува за сликата “Ротонда” на Тони Чатлески, за која вели дека  е “небо со разиграни облици, кои се носени од ветрот од час во час”. 

Loading