ВРЗИ МИ ГИ КОПАЧКИТЕ!

На фудбалски меч Победа – Новаци (2-0), гостинскиот голман Дарко Атанасовски имаше проблем со одврзаните врвци на копачките. Да не губи време при вадење на ракавиците, побара помош од капитенот Илчо Ристевски. Последниот одбранбен играч ги врза врвците на колегата, дотогаш безмалку цело полувреме успешен чувар на мрежата. Откако ги среди копачките, тргна наопаку за голманот, кој прими два гола.

Loading