Дел од ансамблот на театарот вечерва гостува во Штип со куклената претстава “Калифот штрк” од Вилхелм Хауф, во режија на Дарко Ковачовски на првиот ревијален национален театарски фестивал за деца и младинци.
Играат Владимир Ѓорѓиески, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Јасмина М.Станкоска, Катерина Чакмакоска, Наташа Наумоска и Димитар Ѓорѓиевски.
Фестивалот за деца и младинци, што го организира ЦК “Ацо Шопов” од Штип треба да го поттикне создавањето претстави за деца и младинци.