ОДЛИЧЕН ПЛАСМАН

Параглајдерство

Параглајдинг клубот Делта или семејството Јованоски, достојно нé претставија во Вршац, Србија, на Светкиот куп, кој воедно е и Предевропско првенство во прецизно слетување. По три исцрпувачки серии. Мартин Јованоски беше четврти, таткото Миле седми, а најмладиот учесник, 18-годишниот Борјан, 16-ти. Екипно настапија под името на спонзорот “Златорог Лашко” и вкупно се втори.

Учествуваа 60 пилоти од сите страни на светот.

Loading