НИШТО БЕЗ БОДОВИ ОД ГОСТИ

Фудбал 

Шестопласираната Победа оди на гости кај четвртиот, разнишан тим на Маџари в сабота во 8-то коло од Втората лига. После триумфот 2-0 со головите на Богоески и Гешоски над Новаци, играчите на Златко Петрески имаат задача да освојат бодови од туѓ терен. Есенва го совладаа 11 Октомври, ремизираа со Локомотива, а загубија од Врапчиште.

– Имаме шанси во Маџари. Очекувам поволен исход – вели Петрески.

Полошо на гости игра претпоследниот 11 Октомври. По поразите од Маџари, Тетекс, Корзо, загубија и 3-0 од Зајас. За првотимците на Сашо Спиркоски претстои поправен испит на домашен терен. Утре им гостува екс – прволигашот, Дрита.

– Не се предаваме. Се бориме за опстанок – велат во 11 Октомври.

Loading