Сликарот Тони Чатлески, едновремено директор на ЦК “Марко Цепенков” доби уште едно меѓународно признание. Стана член на Професионалниот сојуз на уметници на Руската федерација.
– Приемот во друштвото со илјадници уметници е посебена чест. Особено што сум првиот уметник од земјата кој е пореден рамо до рамо со најзначајните руски уметници. Се гордеам што ја претставувам ликовната уметност на Македонија – вели Чатлески, кој ја подготвува првата самостојна изложба за Москва.
Чатлески е познат македонски уметник, со 20 самостојни изложби во земјата и странство. Реализираше уметнички перформанс насловен “Ротонда”. Учесник е на повеќе колонии и иницијатор на ликовната колонија Дрен.