ТОМЕ ВЕЛЈАНОВСКИ ТВОРИ”ПЕСНИ ПОД СЕЛЕЧКА”

В понеделник промоција
“Песни под Селечка” е новата книга поезија од Томе Велјановски, нашинец кој живее во Шведска, која ќе биде промовирана в понеделник во 18:00 часот во Библиотеката. Книгата е издание на Зенит, а авторот со потекло од селото Марул, на јаве вади 34 песни, меѓу кои “Тутунобераче”, “Македонска женска свадба”, “Јашар бег Русечки”, “Марулските каменари” “Бела мома ” и др.
Велјановски е потпишан меѓу кориците на неколку книги. Неколку се историски и две се собирани народни умотворби.
– Од дете сакав да собирам приказни од секаде и ги запишував. Дури и од овчарите, жителите од селата Марул, Подмол, Бонче, Штавица, Лопатица, Рувци – вели Велјановски, кој потенцира дека многу ги почитува Марко Цепенков и браќата Миладиновци.
Зенит досега е издавач на книга поезија од Васе Митреска, Јазичен агол од Благоја Ивчески, на песни од поетот Благоја Јованоски и неколку книги од Даниел Мелвил.

Loading