СОБИРААТ БЛАГОРОДНИ МЕТАЛИ

Карате
По куса летна пауза пак на сцена се каратистките од КК Ронин и освоените медали. На Премиер лигата во Истанбул, Турција, бронза во највозрасната, сениорска категорија, освои ката тимот (Пуликсенија Јованоска, Марија Матракоска, Зорица Спиркоска), со клучна победа над Русија, а на пат до финале поразени од Германија. Кај кадетките во ката поединечно среброто е за Маријана Димоска со четири победи до финале, каде е поразена од Турчинка. Од домашната шампионка претходно загуби и близначката Мишела, на која со три победи и припадна бронза.
Селекторот Златко Димоски е задоволен од континуитетот на успесите, а формата е темпирана по два месеца за СП во Шпанија.

Loading