МЛАДИТЕ “ЛЕТААТ” КРАЈ ИСКУСНИТЕ

Фудбал
Зошто во секој тим треба искусни покажа мечот Победа – Тиверија 4-1. Многумина шутираа, само Гешоски тресеше мрежа и тоа трипати. Во првиот дел издржа туркање од гостинскиот стопер и ја спроведе топката в гол, за по 12 минути откосо да го пробие голманот. Откако струмичани се вратија во живот со закана за израмнување, пак се појави Гешоски. Мечот го запечати новиот Мустафов.
Покрај Гешоски, придонес даде Тони Мегленски, кој делува поназад, како креатор на играта. Помладите “летаат” крај најискусните. Чесно за тимот се борат Настески, Велјаноски, Јанкулоски, Котески, Крстески, Карчески, Петрески, Чешелковски, Зојчески, а се покажа и најмладиот дебитант, 17-годишниот бек Андреевски.
В сабота (16 ч.) седмата Победа оди кај осмото Врапчиште, а по поразот 4-1 од Корзо, претпоследниот 11 Октомври е домаќин на петтиот Борец.

Loading