ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ДОЈРАН

Пензионерите од огранокот “Гоце Делчев” од Прилеп биле на еднодневна екскурзија до Дојран. Го прошетале туристичкиот град, ја виделе сината боја на Дојранското Езеро и лековитата кал, за која надалеку се слуша.
На некои пензионери ова им била прва прилика да го видат овој македонски бисер и релаксирано, без брзање, уживале во езерото.
Под “вршникот” на сонцето со автобус, по тесното патче стасале и до Валандово. Го посетиле манастирот “Св. Ѓорѓија”. Од импозантната височина уживале во панорамата на полето како на дланка. Мерак им останале избраздените контури на валандовско, полно со овоштарници на калинки, смокви, а и јапонски јаболка.
Никој не останал рамнодушен од импресиите, зашто прошетката им ја разбила монотонијата на пензионерските денови.

Loading