КОМПЛЕТИРАН ПРОЕКТОТ ЗА ТРЕСКАВЕЦ

Заводот и Музеј го достави до Националниот конзерваторски центар во Скопје на одобрување комплетниот проект за обнова на манастирот Трескавец. Обемната студија со девет елементи, сместена во 36 папки и фасцикли, во кои се пренесени сите негови составни делови.
-Има потпроекти за архитектонскиот дел, за статиката, за електрониката, водоводот и канализацијата, громобранската и противпожарната заштита. Основната конструкција е на бетонски столбови, но ќе се задржи автентичниот изглед на конаците – вели директорката Гордана Д. Спироска.
Проектот е последица на повеќемесечниот ангажман на екипата од Музејот, по катастрофалниот пожар на 4 февруари, кога изгореа конаците.
По разгледувањето во Националниот конзерваторски центар проектот потоа оди во Управата за заштита на културното наследство, со што треба да се добие конзерваторско решение, а потоа да се објави тендер за изведувач на градежните активности.
Инаку, на празникот Успение на Пресвета Богородица, беше пуштен новиот пат да се олесни обновата.

Loading