ЦЕЛА СРБИЈА ПОД ЈОВАНОСКИ

Параглајдерство
Во Нишка Бања се одржа Параглајдерската лига на Србија во прецизно слетување. А таму наместо домаќините победи гостинот од ПК Делта, Мартин Јованоски. Како професор на ученици, како се управува со леталото им покажа на 19 Срби и еден Јапонец. Првиот лет скокна 19, вториот шест, третиот девет сантиметри до центарот. Клупските колеги, братот Борјан е четврти, таткото Миле деветти. Екипно, меѓу шест тима, ПК Делта е втора зад Беркут од Вршац.

Loading