ДАМЕСКИ ДАДЕ КРВ ЗА 11 СЕПТЕМВРИ

Од 123-те пратеници во Парламентот, само два-тројца се охрабрија да ја покажат хуманоста, да ја пружат раката и да дарат крв на традиционалната крводарителска акција што веќе четири години се одржува во американската амбасада во Скопје на 11 септември, кога пред 12 години беа урнати со авиони двете кули на светскиот трговски центар во Њујорк. Меѓу смелите народни избраници ракавот го засучи пратеникот Панче Дамески. Тој не само во ова прилика, туку, такаречи, секои три месеци, по разни поводи и без причини демонстрира и ја афирмира хуманоста и со дарување крв. Вели дека не станува збор за некаков пупулистички гест, туку за популаризација на хуманоста. И кога не бил пратеник, бил учесник во хуманитарни акции, зашто смета дека не само што тоа чин на добро дело, туку и здравје за секој организам.
Дамески е по професија лекар – ветеринар.

Loading