ВРАЌАЊЕ ДОМА

Атлетика

Олимпијката Христина Ристеска покрај најавите за членство во некој од клубовите во Скопје, каде студира, извесно е дека се враќа во матичниот Трети ноември. Летово тренира на Спортски центар со легендарниот Ѓорѓи Гешоски. Тренерот е задоволен од трудот и ефектот. На патеката од 400 метри подобрено е времето до 59 секунди, а планот догодина е рекорд на 56.

Ристеска ќе настапи надвор од конкуренцијата на Младинското државно, покрај Фросина и Леонид Вандевски, Ема и Меланија Бошески, Кире Лучески и Ѓорѓија Стојаноски.

Loading