ВЛЕЗНИЦИ И ПЛАКАТИ

Историја

Некогаш прилепските гледачи плаќаа за фудбал и ракомет. Цените беа неменливи долго време, за Победа 100, за 11 Октомври и Тутунски по 50 динари, подоцна денари. За дерби се продаваа ден порано и најзагреаните купуваа совреме од страв да не снема. Солидно инкасираа клубот и продавачите, чии рекорди по човек достигнуваа 1500 влезници на меч. Последни добри приходи во СФРЈ беа гостувањата на ОФК, Н. Пазар и Пелистер, а по осамостојувањето со Вардар и Перуџа. Најава за дуелите, првенствени, куп и пријателски не можеше да се замисли без плакати. Ги имаше на најпрометните места, во центарот… Беа еднобојни, рачно пополнети, но подобро некакви, отколку никакви.

Денес ФФМ во последен миг менува термини, ги буни навивачите, кои немаат информација без плакати.

Loading