ТВОРЕШТВОТО ОД КОЛОНИЈАТА ДРЕН

“Прилепското културно лето 2013” завршува

Со изложбата на 60 дела создадени од уметниците од Македонија, Русија, Бугарија, Словенија, кои годинава твореа на колонијата Дрен од 28 јуни до 7 јули, а ќе биде отворена вечерва од 20 часот во салонот на ЦК “Марко Цепенков”, завршува годинешното издание на Прилепското културно лето, организирано од ЦК “Марко Цепенков”.

Пејзажи, апстракции, мртва природа… се дел од различните мотиви, кои воодушевени од преубавата дренска природа ги насликаа уметниците Малка Малкова, Светлана Вахнина, Александар Белугин од Русија,  Павлинка Маркова – Копано, Светлозар Недев и Корнелија Марган од Бугарија, Лучка Шпаровец од Словенија, како и македонските сликари Христина Зафировска, Силвана Атанасовска, Владимир Кнежевиќ – Путец, Олгица Антовска, Богданка Барутовска, Николета Стојческа, Елица Димитрова и Тони Чатлески.

– Се надеваме дека сограѓаните уживаа од концертите, претставите, изложбите. Продолжуваме со организирање на настани и  во есенските месеци, кога ќе понудиме не само изложби, претстави, туку и концерти, ама и понуда на филмови, бидејќи многу скоро ќе биде отворено и киното – вели Тони Чатлески, директор на Центарот. 

Loading