РАМПО ЈА ДОБИ ЛИЛЕ

Ветено – сторено. Газдата на ресторанот Кермес, Трајче Петрески, гледајќи како Могилата постојано е сé попосетена, дознал дека причина за тоа е мини ЗОО градината. А, ако има повеќе посетители, значи ќе има повеќе потенцијални муштерии во ресторанот во близината. И за придонес за општината дал збор дека ќе му најде друшка на еленот Рампо, неодамна донесен од Битола. Не си го погазил ветеното, па од приватно ловиште од Кавадарци, преку ловното друштво Мукос, донел женка елен, на која вработените на паркот на Могила í го дале името Лиле.

Сега Рампо ќе ја дели нервозата кога на двата елена ќе им се лупи кожата од роговите. А сигурно ќе имаме баш-прилепско срнче до година.   

Loading