НОВ ЛИК ЗА СТАРАТА ЧАРШИЈА

Откако се санира навалувањето на Градскиот саат, гордоста на градот, општината наскоро продолжува со уредувањето на околниот простор при тоа респектирајќи ги и имплементирајќи ги сите стандарди за заштита на околината.

– Околината ќе се претвори во пријатно катче, со ориентален карактер во склоп со старата чаршија, со архитектурата. Од временските услови зависи дали комплетното уредување ќе заврши до Нова година. Просторот е дизајниран со  масовни зелени парчиња, перголи, модерно осветлување или сосема нова архитектонска физиономија. Потоа ќе продолжиме во Старата чаршија. Во соработка со Министерството за култура, Прилеп ќе добие модерна и автентична чаршија со запазена стара архитектура – вели Ристески.

Loading