МУЗИЧКИ ПАРК ВО ВРБЕСКО МААЛО

По примерот на европските метрополи, Општината ќе изгради модерен и современ музички парк во населбата Врбеско маало. Градоначалникот Марјан Ристески најави дека паркот ќе биде доста интересен и по изгледот и по функционалноста.

– Мермерните елементи и клупите ќе бидат одстранети од паркот околу Градскиот саат и ќе се употребат во новиот музички парк, кој ќе биде како петтолиние. Паркот ќе биде озвучен, ќе има џубокс преку кој посетителите ќе слушаат музика, но и да ја креираат. Ќе се одржуваат атрактивни концерти – вели Ристески.

Изградбата на паркот ја поздравуваат од музичкото училиште. Директорот Кире Гаралоски вели дека тие ќе го користат просторот за концерти на отворено.

Инаку, паркот станува и потреба заради зголемениот интерес кај младите за музичка наобразба.

– Годинава запишавме 20 ученици повеќе од лани. Расте континуирано интересот за музичка едукација. Точно 100 ученици во прва година ќе седнат во клупите, одбирајќи една од трите наставни програми. Имаме тригодишно образование (соло пеење), шестгодишно   (саксафон, гитара, кларинет, хармоника, труба, флејта…) и деветгодишно (клавир , виолина и народни инструменти). Вкупно ќе се образуваат околу 400 надежни таленти – додава Гаралоски.

Loading