КАТАНЕЦ НА СТАДИОН

Трета

В недела е 3. коло од Третата лига – Југ: Млекар – Превалец, Тополчани – Кожуф, Младост У. – Г. Коњари, Бабуна – Варош, а дербито е Партизан – Младост К. Претходно на Партизан му годеше патувањето до Гевгелија кај Кожуф, иако наиде на затворени врати. Стадионот бил со катанец на новиот стопан, ФК Миравци. Кожуф понудил нов термин и терен, но бодовите службено одат во Обршани. Останати: Варош – Младост У. 0-0, Кадино – Бабуна 2-2, Г. Коњари – Тополчани 3-2, Младост К. – Млекар 1-0.

Табела: Тиквеш 6, Партизан, Варош, Младост У. и Г. Коњари по 4.

Loading