ЦАПАРОТ НА ПОЛОВИНА ДЕРБИ

Некогашниот фудбалер на Пелистер, Вардар, Ц. Звезда, играч и тренер на Победа, селектор на Македонија, битолчанецот Драган Канатларовски – Цапар, се појави на трибината од стадионот “Гоце Делчев” да го гледа прилепското дерби 11 Октомври – Победа. Не го бендиса квалитетот и разочаран од неефикасноста замина уште на полувремето.
– Нема голови, ниту игра. Очекував повеќе. Се надевам на минимален триумф на Победа, оти е клуб во кој поминав пет незаборавни години – рече Канатларовски.
Прогнозата се оствари 45 минути потоа. Победа победи со голот на Зојчески.

Loading