“НИКНУВА” ТРЕТОЛИГАШ

КОШАРКА

Нов обид за враќање на сениорската кошарка. Дознаваме дека “никнува” клуб за вклучување во Третата лига. Целта е давање шанса на младите таленти, тренирани во школите. Кандидат за тренер е Сашо Костоски. Неизвесно е под кое име ќе настапува клубот, бидејќи можно е да го носи од заинтересиран спонзор. Во минатото водечките клубови менувале имиња: Гоце Делчев, Тутунски комбинат, Еуроинвест 11 Октомври, Бончејца, Ултимејт баскет, Кралеви.

Токму Кралеви згаснаа како шести во Втората лига, пролетта 2012, по победата над Неготино.

Loading